Кој сум јас 

Панче Чаушевски

 роден во Велес на 06.01.1968 година. Дипломиран шумарски инжењер со триесет годишно животно искуство во Германија и дваесет и пет години лидерство и менаџирање во најголемите германски ланци за исхрана ALDI, LIDL, Globus, tegut.
Моја голема опсесија, страст е да работам со луѓе.
Посебно кога се работи за нови перспективи, нови предизвици, пречки, проблеми и проблемчиња било работни, во вашата кариера или приватно.
Со мојата професионалност и знаење ви помагам во вашиот понатамошен развој и просперитет.
За реализирање на вашата цел, спремен сум да го дадам максимумот од себе. Секогаш професионално реален, отворен, искрен и јасен во намерата за остварување на вашата цел.
 
ДА ПОЧНЕМЕ!
Заеднички ќе го анализираме вашиот проблем, ќе ја анализираме вашата потреба, вашата цел, и ќе изнајдеме соодветно решение за истото. 
Првиот разговор во траење од 45мин. online или телефонски е секогаш бесплатен.

Сакаш повеќе да дознаеш?